вознемируваа жените што дошле на одмор и ќе ја поткупуваа полицијата за
да не ги преместува.
„Или, уште полошо, ќе отидеа во конкурентски бар, каде што ќе бидат
добредојдени и ќе ни ги однесеа муштериите. Единственото разумно
решение беше да им дозволиме да влезат, за да им прават муабет на
муштериите и овие да им купуваат пијачки. Со тек на време се ослободивме
од макроата, за што девојките ни беа благодарни.
„Но најважно би беше да имаме гости во локалите. Муштериите што
седеа на шанк трошеа повеќе од оние на масите, а понекогаш шанкерските
столчиња беа зафатени со девојки кои со часови пиеја чаша вода, па
моравме да им наплаќаме што ни ги користат баровите како канцеларии. На
крајот смисливме аранжман на работа кој беше прифатлив за сите
засегнати, којшто функционираше добро, но времето и ситуациите се
менуваат, а бизнисите мора да се менуваат со нив.
„Денес многу од девојките работат во летните месеци за да си ги
подмират универзитетските трошоци. Некои пак можеби сакаат нов
автомобил или патување во САД... а дел од емигрантките сакаат можност
да им праќаат пари на своите семејства за да им помогнат... или пак да ги
донесат тука и да се обединат како семејства. Многу од нив штедат за да ги
донесат родителите, па дури и сопрузите тука.“
„Но, тоа е погрешно, зар не, тато?“
„Што тоа?“
„Проституцијата... Заработувањето од девојки коишто ги продаваат
телата...“
„Законот вели дека во некои земји е... а во некои не е. Проституција, проститутки...ужасни зборови, зарем не? Знам дека зборовите се само
зборови, но не е така. Зборовите знаат да повредат. Еден ден ќе ти
раскажам за моето детство. Верувај, навистина повредуваат. Тие зборови
имаат набој од однапред замислени идеи којшто во минатото го направиле
луѓето од средната класа со безбедни работни места. Жените коишто
никогаш во животот не морале да работат и мажите коишто ги користеле
девојките навечер, откако во текот на денот ги проколнувале. Една мудра
жена на средни години еднаш ми кажа на темата за сексуалните
работнички, ’По тој пат тргнуваат многу жени во потрага по Божјата милост.‘
Те преколнувам, Дејзи, не заборавај дека си родена со привилегии. Твојата
положба во животот не е нормална... Си можела да се родиш како убава
бегалка без скршена пара. Што би дала тогаш за храна и сместување?
Размисли убаво за тоа... Твоите заклучоци може да те изненадат.
„Како и да е, веќе се обидов да објаснам дека ќе пропадневме ако не
соработувавме во тоа време со нив - но тоа сѐ уште е точно. Мажите сакаат
да легнат нешто кога се на одмор. Зачудувачки е, нели, тоа што дури и овие
прости девојки без скршена пара може да го обликуваат бизнисот? Сепак, единственото нешто што се има сменето е причината поради која девојките
сакаат пари. Во шеесеттите, тоа беше за основните потрепштини во
животот, а сега често е за луксузи...освен во случајот со бегалците, нормално. Дали е погрешно да им се помага на луѓето да ги достигнат
своите цели? Зарем не е подобро да не се критикува некој, освен ако
искрено не можеш сам на себе да си кажеш дека си бил во негова кожа?
„Јас мислам дека не е погрешно да се најде разбирање и да се направи
обид за помош, особено кога луѓето што донесуваат закони се истите тие
коишто седат по баровите навечер, движејќи ја нагоре раката ставена на
голата нога на убавата, млада непозната жена што седи до нив. Повеќето
луѓе се лицемери, пиле. Сите се со девизата ’Прави како што ти велам, не
како што правам јас.‘ Ти си уште млада, а јас сакав да те заштитам од
поникаквата страна на животот, како што направив и со мајка ти, но сфатив
дека сум погрешил. Ти работиш во фирмата, а Андалузија не е голема. Сега
кога живееш тука и имаш активна улога во заедницата, прашање на време
беше кога ќе дознаеш за репутацијата на нашето семејство.“
„А, што друго може да слушнам?“ Таа се престори во уво. Татко ѝ
никогаш не зборувал така отворено со неа за неговото семејство, за
минатото или пак за неговите деловни интереси. Меѓутоа, таа повеќе се
шокираше од себе, отколку од него. Очекуваше да биде етички понадмена, но дозна дека не е. Таа исто така сфати дека децата на училиште зборуваа
малку повеќе од вистината, не дека тоа нешто менуваше во нејзиното
размислување за нив - тие сепак сакаа да го навредат нејзиното семејство и
Читать дальше