до пет километри од рестораните во нивната група. Онаму кафе што два
или три ресторана може да се поврзат со еден локал, може да се направат
специјални комбинирани менија. Нема потреба да се објаснува дека
храната не се готви на самото место, освен ако некој не го праша
менаџерот, така?“
Прашањето беше реторичко, но татко ѝ одмавна со главата во знак на
согласување.
„Барот којшто е малку изолиран, може да се поврзе со други ресторани, за процент од профитот.“ Таа го крена погледот и виде како татко ѝ кима со
главата пред страницата којашто му беше отворена. Тоа ја охрабри, па
продолжи одважено.
„Следната етапа може да ја наречеме ’Глобализација‘. Не како
глобализацијата на Мекдоналдс, туку наша сопствена верзија. Само еден од
нашите барови има пристоен вебсајт, а три од другите локали имаат
никакви. Предлагам да направиме првокласна застапеност на интернет за
сите наши бизниси и да вклучиме линкови до другите што би можеле да
бидат корисни. Може да најмиме некој да го направи тоа за нас, а јас ќе
бидам надзор.
„Конечно, доаѓаме до ’Запознавање‘. Што е тоа? Тоа е мој збор за
креирање семејна атмосфера на заемна соработка во вашата групација.
Може сите да седнеме на разговор, пијачки и оброк еднаш во тромесечје
или двапати годишно... дури и еднаш годишно. Како што мислите дека е
најдобро. Можете дури и да одредите бонус од еден или два отсто од нето
профитот на сите бизниси, но сепак, вие би одлучиле за тоа.
„Ви благодарам за вниманието; тука е крајот на мојот извештај.“
Таа седна, а доби аплауз од двајцата родители.
„Браво, Дејзи!“ рече мајка ѝ. „Зар не беше прекрасна ќерка ни, Џон?“
„Секако дека беше, Тери. Знаев дека си посебна, пиле, но овде има
многу повеќе работи“, рече тој, мавтајќи со извештајот во рака, „одошто
очекував, од кои со над деведесет и кусур веднаш се согласувам. Како што
рече мајка ти, браво. Ќе ни оставиш неколку дена да размислиме за сето
ова, а потоа ќе ти се обратиме со евентуалните прашања. Дали одговара
така?“
„Секако, тато, како ќе кажеш.“ Таа беше на седмо небо.
„Да слеземе долу на ручек,“ предложи тој, погледнувајќи на златниот
рачен часовник од Патек Филип.
∞
Татко ѝ на Дејзи беше воодушевен од сите предлози на Дејзи и ѝ го кажа
тоа.
„Единствено не сум сигурен за тоа да воведеме банкарски трансфер на
пари во бизнисот на Пако. Јас го разгледував тоа, па може пред десет или
дванаесет години, но не ми излегуваше математиката. Можеш ти одново да
се распрашаш ако сакаш. Останатото е супер.“
„И, кој е следниот чекор, тато?“
Тој се загледа во празно накратко, пред да проговори. „Кога ќе бидеме
подготвени, ќе го известиме Тони. Потоа, ако тој не гледа проблеми, ќе ги
повикаме сите менаџери и на секој посебно ќе му го објасниме новиот
режим, па, во интерес на твоето ’Запознавање‘, ако сакаш, ќе организираме
неформална забава крај базенот, каде што ќе разговараме за ова со
останатите и ќе ги запознаеме едни со други. Дали ти звучи добро?“
„Да, тато, звучи совршено. Јас да го организирам тоа или ти?“
„Ајде прво да зборуваме со Тони, па ќе му го препуштиме тоа нему. Ти си
новиот посредник, но тоа отсекогаш била неговата улога. Вие двајца
отсекогаш добро сте се сложувале, па гледај да не го налутиш. Не
заборавај, никој не сака да се чувствува омаловажено... дека изгубил дел од
моќта... особено од новајлија, дури и кога се работи за ќерката на шефот.“
„Добро, тато, ќе ти го препуштам тогаш тоа тебе.“
∞
Откако таа му ја објасни новата структура на семејните фирми на Тони и
повторно на нејзините родители, се најде сама со Крупниот во градината, како што обично биваше.
„Дали навистина ни ги одобри идеите, чичко Тони, или само прифати нов
стил на раководење?“
Тој вообичаено беше внимателен со своите зборови исто како татко ѝ на
Дејзи, но не и кога се работеше за нејзе. Нејзе секогаш ѝ ја кажуваше
вистината во мера којашто сметаше дека треба да ја знае или пак може да
ја издржи.
„Искрено го одобрувам тоа што го рече внатре. Веројатно сега е
популарно... Нам немаше да ни текне тоа што ти го предложи...нашиот стил
беше да им кажеме ним, на менаџерите, што да прават, па да се
расправаме со нив ако не излегуваше математиката... Но таквите денови
сега се во замирање... Полицијата повеќе не е ни приближно толку
корумпирана како што беше пред дваесет години, а сега веќе не е модерно
Читать дальше