Owen Jones - Синџирот На Дејзи

Здесь есть возможность читать онлайн «Owen Jones - Синџирот На Дејзи» — ознакомительный отрывок электронной книги совершенно бесплатно, а после прочтения отрывка купить полную версию. В некоторых случаях можно слушать аудио, скачать через торрент в формате fb2 и присутствует краткое содержание. Жанр: unrecognised, . Описание произведения, (предисловие) а так же отзывы посетителей доступны на портале библиотеки ЛибКат.

  • Название:
    Синџирот На Дејзи
  • Автор:
  • Жанр:
  • Год:
    неизвестен
  • ISBN:
    нет данных
  • Рейтинг книги:
    4 / 5. Голосов: 1
  • Избранное:
    Добавить в избранное
  • Отзывы:
  • Ваша оценка:
    • 80
    • 1
    • 2
    • 3
    • 4
    • 5

Синџирот На Дејзи: краткое содержание, описание и аннотация

Предлагаем к чтению аннотацию, описание, краткое содержание или предисловие (зависит от того, что написал сам автор книги «Синџирот На Дејзи»). Если вы не нашли необходимую информацию о книге — напишите в комментариях, мы постараемся отыскать её.

Синџирот на Дејзи Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол Дејзи, гордата ќерка на богатиот бивш гангстер од Лондон, Џон, и неговата жена од Шпанија, Тереза, израснала во Марбеља на Коста дел Сол, односно Коста дел Криминал. Нејзините родители ѝ се идоли, а својот стар татко сака да го импресионира така што ќе му помогне во водењето на семејните бизниси по факултет. Меѓутоа, катастрофалното погрешно расудување ќе доведе до семејна трагедија, па мајката на Дејзи ќе ја префрли на побезбеден пат, да помага на локалната заедница за покор. Синџирот на Дејзи е трагична приказна со пријатен среќен крај. Синџирот на Дејзи - Резиме Џон е богат, сам, бивш гангстер од Ист Енд во Лондон, кој живее во Коста дел Сол во јужна Шпанија. Во медиумите местото одамна го викаат „Коста дел Криминал“, но нему не му е гајле за тоа сѐ додека му е зачуван тивкиот живот. Доволно му е од борби меѓу банди. Еден ден, неговата куќна помошничка и љубовница Тереза му соопштува дека е бремена - нешто што двајцата мислеле дека е невозможно поради нивните години; на Џон му се допаѓа идејата да стане татко по првпат, па ќе се ожени за Тери, по што се раѓа Дејзи. Тој ја сака, но има малку време поради деловните обврски. Таа никогаш не е сигурна дали татко ѝ навистина ја сака, особено откако ќе разбере за неговата репутација на поранешен тврдокорен човек. По факултет, таа ќе почне со преземање на бизнисите на татко ѝ. Меѓутоа, ќе почне да станува подмолна, сѐ додека еден ден не претера, по што нејзините ќе се најдат во болница по напад за одмазда од нејзин противник, нешто што таа ќе го предизвика со затворање и мачење на еден негов човек. Џон ќе умре од повредите, Тери е сериозно повредена, а нивниот верен телохранител е застрелан. Подоцна се дознава причината за заседата, а доказите упатуваат кон Дејзи. Таа се мачи да се ослободи од обвиненијата, а телохранителот ќе успее да ја оттргне од тоа, иако Тери сака да ѝ го дотера паметот. Проблемот е, како да се казни девојка што има сѐ? Тери се заканува дека ќе ги продаде сите бизниси и ќе престане да ѝ дава паричен додаток, освен ако ќерка ѝ не земе удел во првиот самостоен потфат на мајка си, потпомогнат од телохранителот. Дејзи се согласува, па ќе започнат со реновирање стара црква во која ќе сместуваат мајки и деца бегалци. На свое изненадување, на Дејзи ќе ѝ се допадне работата, а таа ќе се запознае со еден млад човек кој ја сака и ги има истите идеали како неа.

Синџирот На Дејзи — читать онлайн ознакомительный отрывок

Ниже представлен текст книги, разбитый по страницам. Система сохранения места последней прочитанной страницы, позволяет с удобством читать онлайн бесплатно книгу «Синџирот На Дејзи», без необходимости каждый раз заново искать на чём Вы остановились. Поставьте закладку, и сможете в любой момент перейти на страницу, на которой закончили чтение.

Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

да се тепаат менаџерите коишто не соработуваат... Така што, целокупно

гледано, твојот пристап е добро подновување на стилот на компанијата...и, да бидам искрен со тебе, уверен сум дека татко ти се согласува...“

„Значи, мислиш дека ми оди добро, чичко Тони?“

„И повеќе од ’добро‘, малечко, многу повеќе од тоа. Ти си вистински

доказ дека крушата под круша паѓа.“ Дејзи го фати огромниот бицепс и го

приближи кон образот додека чекореа. „Уште една работа; повеќе би сакала

отсега да ме викаш само Тони. Тоа не менува ништо, но...што знам, едноставно ми звучи подобро...“

„Нема проблем. Ќе биде ’само Тони‘!“

„И уште една работа; ако фатиш да ми шеташ, сепак може да ти ја

треснам една...неважно е што си му ќерка на шефот“.

„Пораката е примена јасно и гласно. Фала ти за охрабрувачкиот

разговор. Се гледаме после:

„Ах, Тони, уште една работа; имаш уште неколку минути?“

„За тебе? Секогаш. Што е?“

„Го знаеш ’Туѓи раце‘ во Лос Боличес?“

„Да, на татко ти е.“

„Да. Па, јас бев таму доцна една вечер, по работното време на повеќето

луѓе, и добив впечаток дека некои од девојките ’работеа‘ таму.“

„Зарем не е тоа и замислата“, рече тој, но знаеше кон што цели таа.

„Не, сакав да кажам дека ’работеа‘ работеа... се нудеа. Дали тато

дозволува такво нешто во неговите локали?“

Тоа прашање беше тешко да се одговори, со оглед на начинот на кој

зборуваше кога разговараше со Дејзи.

„Ајде вака ќе се изразам... Јас ги толкувам правилата на татко ти дека

менаџерите имаат голема слобода, сѐ додека нивните активности не нѐ

доведат до конфликт во полицијата или пак со пошироката јавност.

„Дали со ова ти го одговорив прашањето?“

„Донекаде, но не вистински. Дали дозволува во неговите барови да

работат проститутки?“

„Ако тој не знае за тоа...и ако не се бунат ниту полицијата ниту

пошироката јавност.“

„Дали е тоа ’да‘ или ’не‘?“

„Го има значењето кое го кажав?“

„Значи ’да‘?“

„Веројатно може така да се толкува.“

„Девојките работат хонорарно или за нас?“

Тони се помисли неколку секунди пред да одговори, „Не работат за ниту

една од петнаесетте фирми на твојот список, ако ме прашуваш тоа.“

„Првично да, но сега прашувам дали работат за некоја од нашите фирми

што не се на мојот список?“

„Сега нѐ втера во ќор-сокак. Не можам да ти одговорам на ова прашање.

Само тато ти може.“

„Јасно ми е дека те ставам во невозможна положба, чич...Тони, но не

можам правилно да си ја вршам работата, освен ако не знам што точно се

случува. Не грижи се. Ќе го прашам тато.

„Се гледаме после.“

Кога зборуваше со татка си неколку дена подоцна, тој го очекуваше

прашањето бидејќи Тони го предупреди. Во ноќите оттогаш, тој по многу

часови го обмислуваше својот одговор.

„Ваква е работата, пиле“, рече тој додека седеа во неговата голема, проветрена, светла канцеларија, која имаше цел ѕид од стакло на лизгачи

кој се отвораше кон базен, „...навистина не е лесно да се каже на начин на

кој е разбереш... Кога дојдов да живеам тука со татко ми, пред околу

педесет години, Шпанија воопшто не изгледаше како денес, а исто така ни

јас. Да, имавме пари, но ние, особено јас, сѐ уште имав соништа. Татко ми

беше богат и задоволен, но јас сѐ уште бев млад и сакав да ставам свој

печат... исто така и да се докажам.

„Почнавме да продаваме сместување за одредени временски периоди, што тогаш беше нов концепт. Земјиштето беше евтино, а исто така и

работната рака, но мештаните сѐ уште не можеа да си ги дозволат цените

коишто сакавме да ги наплатуваме за куќите - вили и кондоминиуми, така ги

викавме - па ни текна да донесеме многу Британци од средната класа кои

би ги купиле во рок од една недела.

„Тоа помина непречено, но тогаш сфативме дека им треба

занимација...особено навечер. По цел ден можеа да лежат на плажа со

жените или девојките, но потоа сакаа да го прават она за што им

сугерираше телесниот часовник дека е време... пијалак по работа. Затоа

околу вилите, хотелите и блоковите со апартмани изградивме барови, ресторани и дискотеки, коишто беа новитет тогаш.

„Британците во тоа време заработуваа десетпати повеќе од локалните

шпански момци, па не помина долго пред девојките да сфатат во што е

штосот. Немавме избор освен да соработуваме со нив. Ако не им

дозволевме да влезат во нашите барови, ќе се моткаа надвор и ќе ги

Читать дальше
Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

Похожие книги на «Синџирот На Дејзи»

Представляем Вашему вниманию похожие книги на «Синџирот На Дејзи» списком для выбора. Мы отобрали схожую по названию и смыслу литературу в надежде предоставить читателям больше вариантов отыскать новые, интересные, ещё непрочитанные произведения.


Отзывы о книге «Синџирот На Дејзи»

Обсуждение, отзывы о книге «Синџирот На Дејзи» и просто собственные мнения читателей. Оставьте ваши комментарии, напишите, что Вы думаете о произведении, его смысле или главных героях. Укажите что конкретно понравилось, а что нет, и почему Вы так считаете.

x