Owen Jones - Синџирот На Дејзи

Здесь есть возможность читать онлайн «Owen Jones - Синџирот На Дејзи» — ознакомительный отрывок электронной книги совершенно бесплатно, а после прочтения отрывка купить полную версию. В некоторых случаях можно слушать аудио, скачать через торрент в формате fb2 и присутствует краткое содержание. Жанр: unrecognised, . Описание произведения, (предисловие) а так же отзывы посетителей доступны на портале библиотеки ЛибКат.

  • Название:
    Синџирот На Дејзи
  • Автор:
  • Жанр:
  • Год:
    неизвестен
  • ISBN:
    нет данных
  • Рейтинг книги:
    4 / 5. Голосов: 1
  • Избранное:
    Добавить в избранное
  • Отзывы:
  • Ваша оценка:
    • 80
    • 1
    • 2
    • 3
    • 4
    • 5

Синџирот На Дејзи: краткое содержание, описание и аннотация

Предлагаем к чтению аннотацию, описание, краткое содержание или предисловие (зависит от того, что написал сам автор книги «Синџирот На Дејзи»). Если вы не нашли необходимую информацию о книге — напишите в комментариях, мы постараемся отыскать её.

Синџирот на Дејзи Љубов, интрига и подземјето на Коста дел Сол Дејзи, гордата ќерка на богатиот бивш гангстер од Лондон, Џон, и неговата жена од Шпанија, Тереза, израснала во Марбеља на Коста дел Сол, односно Коста дел Криминал. Нејзините родители ѝ се идоли, а својот стар татко сака да го импресионира така што ќе му помогне во водењето на семејните бизниси по факултет. Меѓутоа, катастрофалното погрешно расудување ќе доведе до семејна трагедија, па мајката на Дејзи ќе ја префрли на побезбеден пат, да помага на локалната заедница за покор. Синџирот на Дејзи е трагична приказна со пријатен среќен крај. Синџирот на Дејзи - Резиме Џон е богат, сам, бивш гангстер од Ист Енд во Лондон, кој живее во Коста дел Сол во јужна Шпанија. Во медиумите местото одамна го викаат „Коста дел Криминал“, но нему не му е гајле за тоа сѐ додека му е зачуван тивкиот живот. Доволно му е од борби меѓу банди. Еден ден, неговата куќна помошничка и љубовница Тереза му соопштува дека е бремена - нешто што двајцата мислеле дека е невозможно поради нивните години; на Џон му се допаѓа идејата да стане татко по првпат, па ќе се ожени за Тери, по што се раѓа Дејзи. Тој ја сака, но има малку време поради деловните обврски. Таа никогаш не е сигурна дали татко ѝ навистина ја сака, особено откако ќе разбере за неговата репутација на поранешен тврдокорен човек. По факултет, таа ќе почне со преземање на бизнисите на татко ѝ. Меѓутоа, ќе почне да станува подмолна, сѐ додека еден ден не претера, по што нејзините ќе се најдат во болница по напад за одмазда од нејзин противник, нешто што таа ќе го предизвика со затворање и мачење на еден негов човек. Џон ќе умре од повредите, Тери е сериозно повредена, а нивниот верен телохранител е застрелан. Подоцна се дознава причината за заседата, а доказите упатуваат кон Дејзи. Таа се мачи да се ослободи од обвиненијата, а телохранителот ќе успее да ја оттргне од тоа, иако Тери сака да ѝ го дотера паметот. Проблемот е, како да се казни девојка што има сѐ? Тери се заканува дека ќе ги продаде сите бизниси и ќе престане да ѝ дава паричен додаток, освен ако ќерка ѝ не земе удел во првиот самостоен потфат на мајка си, потпомогнат од телохранителот. Дејзи се согласува, па ќе започнат со реновирање стара црква во која ќе сместуваат мајки и деца бегалци. На свое изненадување, на Дејзи ќе ѝ се допадне работата, а таа ќе се запознае со еден млад човек кој ја сака и ги има истите идеали како неа.

Синџирот На Дејзи — читать онлайн ознакомительный отрывок

Ниже представлен текст книги, разбитый по страницам. Система сохранения места последней прочитанной страницы, позволяет с удобством читать онлайн бесплатно книгу «Синџирот На Дејзи», без необходимости каждый раз заново искать на чём Вы остановились. Поставьте закладку, и сможете в любой момент перейти на страницу, на которой закончили чтение.

Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

и да дознаеш за сигурно, девојче.“

„Но, што ако е вистина, Џони, што ќе кажеш тогаш?“

„Едноставно не може да биде вистина. Ниту јас ниту ти не можеме да

имаме бебе!“

„Но, што ако е вистина?“

„Глупости, не може да биде. Имаш гасови... или си се поправила. Тоа е, си се поправила.“

„Не, Џони, нашето бебе е големо колку кикиритка! Не сум покрупна

поради тоа. Всушност, тежам исто како секогаш: педесет и два килограми, но бремена сум. Можеби се чини тоа невозможно, но бремена сум. Се

сеќавам на чувството од претходно, но утре ќе одам на лекар да проверам.“

„Добро!“ Да одиш, па ќе видиш дека сум бил во право.“

По неколку секунди, тој спиеше, а Тереса се зафати со обврски околу

обезбедување комфор на својот сакан.

Кога Џон разбра дека ќе биде татко пред крајот на годината, не знаеше

како да реагира. Се чинеше како сѐ да се случува премногу брзо, но тој

потајно се прерадува, иако суровиот маж во него победи, па беше настојчив

за ДНК-тест. Кога тестот со амниоцентеза во десеттата недела докажа дека

ќе биде татко, тој се понуди да се венча со Тереса, но се разочара кога таа

изгледаше колебливо.

„Мислев дека ќе сакаш да се омажиш за мене, Тери“, рече тој.

„Би сакала“, му призна нажалено, „но не само затоа што носам твое

бебе. Би сакала да ми понудиш брак затоа што ме сакаш.“

„Ама те сакам, Тери, ти знаеш. Само не ме бидува баш во искажување

такви работи, но мислев дека ти го знаеш тоа.“

„Една жена сака и да го чуе тоа, Џони...“

„Веројатно и еден маж го сака тоа, мила. Ќе ти признам дека е така, но

ако кажеш некому што сум ти рекол, ќе одрекувам.“

„Глупави мачо-менови“, таа нежно му се исмеваше додека лежеше во

свиокот на неговата рака. „Сакаш да го чуеш тоа, но не сакаш да им го

пружиш истото задоволство на луѓето кои ти ги сакаш. Себично, зарем не?“

Тој неколку минути не одговори, но Тереса беше спремна да чека.

„Да, веројатно е“, конечно ѝ призна. „Многу ми е жал што претходно не

сум ти кажал дека те сакам. Никому го немам тоа кажано во животот, освен

можеби на мајка ми. Не се сеќавам. Сум ти кажувал за неа?

„Се викаше Флер и беше од Белгија, но засега нема да зборуваме повеќе

за неа. Те молам, сакаш ли да се омажиш за мене, Тери? Ќе ме направиш

најсреќен на светот и знам дека звучи изветвено, но јас докажувам со дела, не со зборови... Мислам дека веќе го знаеш тоа.“

„Не звучи изветвено, Џони, овие зборови се прекрасни...“ Очите ѝ се

насолзија. „Ќе се омажам за тебе, Џони. Отсекогаш сум те сакала, но сакам

да ми ветиш дека ќе се грижиш за нашето дете. Не ми е гајле за мене, но

мора да биде згрижено нашето дете; инаку, поарно веднаш да си заминам.“

„Најмила моја Тереса, само ако се ожениш за мене нашето дете, сеедно

дали машко или женско, ќе наследи сѐ што имам.“

„Во тој случај, Џони, прифаќам. Ќе се омажам за тебе.“

Џон сакаше свадбената прослава да се одржи за една недела, но Тереса

настојуваше да ја планираат и да ја направат како што треба, само што не

му рече на Џон да се преобрати во католицизмот, а не му кажа ниту дека

бебето сака да го воспитуваат како католик.

Во четиринаесеттата недела, по огромната свадба, Тереса му кажа на

Џон дека очекуваат девојче. Таа очекуваше Џон да се разочара, но не

можеше да забележи знак за тоа.

Од своја страна, Џон мислеше дека би требало да биде разочаран, но се

изненади кога откри дека не е.

„Кое име ќе ѝ го дадеме?“ праша Тереса едно утро во кревет.

„Може да ја викаме Дејзи?“ ја праша.

„Секако“, се задлабочи таа. „Дејзи... Маргарита на шпански... бисер...

скриена скапоценост. Тоа е совршеното име за нашата ќерка, нашиот дар од

Бога, која не требаше да се створи.“

2 ПРВИТЕ ГОДИНИ НА ДЕЈЗИ

Бременоста на Тереса, нејзина трета, иако претходните завршија

предвреме, течеше нормално, и покрај тоа што природно имаше немир

поради своето минато. Џон беше свесен за тоа и ѝ обезбеди приватна

медицинска сестра и уште една кола за да може градинарот да ја носи во

болница, во случај тој или Тони да не се дома. Меѓутоа, сѐ течеше

нормално, па Дејзи се роди дома едно сончево попладне, на 14 декември, со помош на бабица којашто ја обезбеди осигурителната компанија на

семејството. Раѓањето се одвиваше без проблеми, а Џон со блескава

гордост ја гледаше својата убава жена како го држи нивното убаво бебе.

Џон никогаш не бил по фотографирањето, но за една недела направи

Читать дальше
Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

Похожие книги на «Синџирот На Дејзи»

Представляем Вашему вниманию похожие книги на «Синџирот На Дејзи» списком для выбора. Мы отобрали схожую по названию и смыслу литературу в надежде предоставить читателям больше вариантов отыскать новые, интересные, ещё непрочитанные произведения.


Отзывы о книге «Синџирот На Дејзи»

Обсуждение, отзывы о книге «Синџирот На Дејзи» и просто собственные мнения читателей. Оставьте ваши комментарии, напишите, что Вы думаете о произведении, его смысле или главных героях. Укажите что конкретно понравилось, а что нет, и почему Вы так считаете.

x