Dawn Brower - Обземен Од Мојата Божиќна Кокета

Здесь есть возможность читать онлайн «Dawn Brower - Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» — ознакомительный отрывок электронной книги совершенно бесплатно, а после прочтения отрывка купить полную версию. В некоторых случаях можно слушать аудио, скачать через торрент в формате fb2 и присутствует краткое содержание. Жанр: unrecognised, . Описание произведения, (предисловие) а так же отзывы посетителей доступны на портале библиотеки ЛибКат.

  • Название:
    Обземен Од Мојата Божиќна Кокета
  • Автор:
  • Жанр:
  • Год:
    неизвестен
  • ISBN:
    нет данных
  • Рейтинг книги:
    4 / 5. Голосов: 1
  • Избранное:
    Добавить в избранное
  • Отзывы:
  • Ваша оценка:
    • 80
    • 1
    • 2
    • 3
    • 4
    • 5

Обземен Од Мојата Божиќна Кокета: краткое содержание, описание и аннотация

Предлагаем к чтению аннотацию, описание, краткое содержание или предисловие (зависит от того, что написал сам автор книги «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»). Если вы не нашли необходимую информацию о книге — напишите в комментариях, мы постараемся отыскать её.

Дали грофот од Винчестер ќе предложи брак, и што е уште поважно, дали воопшто ќе ја сака леди Аделајн Карвин ако бидат присилени на венчавка? Нејзиниот божиќен период не излезе како што таа се надеваше... Леди Аделајн Карвин има една желба за божиќниот период: да доживее љубов. Како одговор на нејзиниот копнеж се појавува Девон Хејз, гроф од Винчестер. Опасно привлечен, попалав не се родил. Нивната прва средба е магична, таа е среќна што Бадник ќе го помине во неговите прегратки. Се сомнева дека утрото потоа тој ќе продолжи да ѝ изјавува љубов, и неговите мили зборови ги смета за празни ветувања, дури и кога сака да му верува. Кога нејзиниот татко, војводата од Вајтвуд ќе ги најде во срамна ситуација, сѐ ќе се смени. Леди Аделајн е во неодбранлива ситуација која требаше да ја спречи. Иако не жали за ноќта помината со Конор, посакува утредента неговата љубов да е вистинита. Девон не очекуваше да наиде на волшебна дама на божиќната забава на која е поканет, но уште од прв поглед е обземен од неа. Ја прогонува безмилосно, без идеја што планира откако ќе ја добие. Откако таа своеволно ќе му падне во прегратки, тој ѝ се заблагодарува на судбината што му ја донесе, но работите ќе се сменат кога ќе биде загрозена неговата слобода. Присилен е да се преиспита себеси и мора да донесе одлука која би требало да е многу лесна за еден вљубен човек. Дали грофот од Винчестер ќе предложи брак, и што е уште поважно, дали воопшто ќе ја сака леди Аделајн Карвин ако бидат присилени на венчавка?

Обземен Од Мојата Божиќна Кокета — читать онлайн ознакомительный отрывок

Ниже представлен текст книги, разбитый по страницам. Система сохранения места последней прочитанной страницы, позволяет с удобством читать онлайн бесплатно книгу «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета», без необходимости каждый раз заново искать на чём Вы остановились. Поставьте закладку, и сможете в любой момент перейти на страницу, на которой закончили чтение.

Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать
Обземен од мојата божиќна кокета

Contents

Признанија Признанија Во овој дел изразувам огромна благодарност на мојот уредник и дизајнер на насловната страница, Викторија Милер. Таа ми помага повеќе одошто можам да кажам. Ценам сѐ што таа прави и тоа што секогаш ме притиска да бидам подобра... да направам нешто подобро. Ти благодарам илјада пати. Исто така на Елизабет Еванс. Ти благодарам што си секогаш тука за мене и што си ми пријателка. Многу ми значиш. Зборот благодарам не е ни малку доволен, но тоа е сѐ што имам, затоа ти благодарам пријателке, за тоа што си ти.

1. ПРОЛОГ

2. ПРВА ГЛАВА

3. ТРЕТА ГЛАВА

4. ЧЕТВРТА ГЛАВА

5. ПЕТТА ГЛАВА

6. ГЛАВА ШЕСТА

7. ГЛАВА СЕДМА

8. ГЛАВА ОСМА

9. ЕПИЛОГ

За авторот

Ова е фиктивно дело. Имињата, ликовите, местата и случките се производ на фантазијата на авторот или се користат фиктивно и не треба да се сфаќаат како вистинити. Секоја сличност со вистински места, организации или лица, живи или мртви, е сосема случајна.

Обземен од мојата божиќна кокета Copyright © 2020 Dawn Brower

Дизајн на насловната страница од Викторија Милер.

Сите права се задржани. Не е дозволено електронско копирање или отпечатување без писмена дозвола, со исклучок на случаи на кратки цитати вметнати во рецензии.

Напишана за секој кој посакал љубов, а особено за оние кои посакале да имаат некој со кого ќе ги споделат празниците.

Приказнава нека ви ги стопли срцата.

Признанија

Во овој дел изразувам огромна благодарност на мојот уредник и дизајнер на насловната страница, Викторија Милер. Таа ми помага повеќе одошто можам да кажам. Ценам сѐ што таа прави и тоа што секогаш ме притиска да бидам подобра... да направам нешто подобро. Ти благодарам илјада пати.

Исто така на Елизабет Еванс. Ти благодарам што си секогаш тука за мене и што си ми пријателка. Многу ми значиш. Зборот благодарам не е ни малку доволен, но тоа е сѐ што имам, затоа ти благодарам пријателке, за тоа што си ти.

ПРОЛОГ

Декември 1865

Леди Аделајн Карвин гледаше низ прозорецот од библиотеката во Вајтвуд Аби. Големите снегулки се пластеа на земјата. Вечерното небо беше толку преплавено од снежниот налет што ѕвездите речиси не се разликуваа од снежно белите паспулавици. Таа продолжуваше да зјапа, со надеж дека ќе се појави ѕвезда-паѓалка.

Бидејќи... ѝ беше потребна.

Се умори од тоа да не биде сакана. Добро, тоа беше мало претерување. Семејството ја обожаваше. Секоја девојка посакува родители како нејзините, а баба ѝ и дедо ѝ ѝ беа приврзани. И нејзиниот помал брат, иако ја нервираше, ја сакаше. Но тоа не беше исто како да се биде заљубен. Имаше 21 година, времето кога треба да почувствува романтична љубов кон маж беше пред неа. Аделајн го посакуваше она што го имаа нејзините родители, војводата и војвотката на Вајтвуд. Можеби бараше премногу.

„Што има толку интересно надвор?” праша нејзиниот помал брат Џејми. Го носеше името на нивниот дедо, Џејмс Кендал, војводата од Вестон. Беше осум години помал од неа, и од она што го разбра, потполно изненадување за нејзините родители. Тие сметале дека нема да имаат повеќе деца.

„Ништо,” таа одговори ведро. Тој имаше 13 години и беше љубопитен како и секое младо момче. „Бурата засилува. Се надевам нема да ги спречи гостите во посетата за Божиќ.” Тие организираа домашна забава што ќе трае до следната година. Две недели со семејство и пријатели со кои се немаа видено. Таа со нетрпение сакаше да ја види својата помлада братучетка, Франческа Кендал. Џејми се радуваше што ќе ги види другите братучеди, Спенсер Кендал и Оливер Росингтон. Двете момчиња беа помали од Аделајн, но постари од Џејмс, и како и нејзиниот помал брат, наследници на титулата на своите татковци. Франческа беше три години помала од Аделајн.

„Подобро да не,” рече тој тврдоглаво. „Мама ни вети извонредно време со сите, дури ми вети дека ќе можам да дојдам на божиќниот бал.”

„Навистина?” рече таа, кревајќи ја веѓата. „Цела ноќ?

„Не,” рече тој и воздивна. „Смеам да останам само кога ќе се краси елката и до крајот на првиот танц.”

Вообичаено, тие ја красеа елката како семејство, но годинава, нејзината мајка Елизабет реши да ја прекине традицијата. Ќе имаат ден за креирање орнаменти за елката, а потоа, на вечерниот бал сите ќе ги закачат своите креации пред вистинскиот почеток на прославата. „Тоа повеќе звучи на нешто што би прифатила мама.”

Читать дальше
Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

Похожие книги на «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»

Представляем Вашему вниманию похожие книги на «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» списком для выбора. Мы отобрали схожую по названию и смыслу литературу в надежде предоставить читателям больше вариантов отыскать новые, интересные, ещё непрочитанные произведения.


Отзывы о книге «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»

Обсуждение, отзывы о книге «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» и просто собственные мнения читателей. Оставьте ваши комментарии, напишите, что Вы думаете о произведении, его смысле или главных героях. Укажите что конкретно понравилось, а что нет, и почему Вы так считаете.

x