Dawn Brower - Обземен Од Мојата Божиќна Кокета

Здесь есть возможность читать онлайн «Dawn Brower - Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» — ознакомительный отрывок электронной книги совершенно бесплатно, а после прочтения отрывка купить полную версию. В некоторых случаях можно слушать аудио, скачать через торрент в формате fb2 и присутствует краткое содержание. Жанр: unrecognised, . Описание произведения, (предисловие) а так же отзывы посетителей доступны на портале библиотеки ЛибКат.

  • Название:
    Обземен Од Мојата Божиќна Кокета
  • Автор:
  • Жанр:
  • Год:
    неизвестен
  • ISBN:
    нет данных
  • Рейтинг книги:
    4 / 5. Голосов: 1
  • Избранное:
    Добавить в избранное
  • Отзывы:
  • Ваша оценка:
    • 80
    • 1
    • 2
    • 3
    • 4
    • 5

Обземен Од Мојата Божиќна Кокета: краткое содержание, описание и аннотация

Предлагаем к чтению аннотацию, описание, краткое содержание или предисловие (зависит от того, что написал сам автор книги «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»). Если вы не нашли необходимую информацию о книге — напишите в комментариях, мы постараемся отыскать её.

Дали грофот од Винчестер ќе предложи брак, и што е уште поважно, дали воопшто ќе ја сака леди Аделајн Карвин ако бидат присилени на венчавка? Нејзиниот божиќен период не излезе како што таа се надеваше... Леди Аделајн Карвин има една желба за божиќниот период: да доживее љубов. Како одговор на нејзиниот копнеж се појавува Девон Хејз, гроф од Винчестер. Опасно привлечен, попалав не се родил. Нивната прва средба е магична, таа е среќна што Бадник ќе го помине во неговите прегратки. Се сомнева дека утрото потоа тој ќе продолжи да ѝ изјавува љубов, и неговите мили зборови ги смета за празни ветувања, дури и кога сака да му верува. Кога нејзиниот татко, војводата од Вајтвуд ќе ги најде во срамна ситуација, сѐ ќе се смени. Леди Аделајн е во неодбранлива ситуација која требаше да ја спречи. Иако не жали за ноќта помината со Конор, посакува утредента неговата љубов да е вистинита. Девон не очекуваше да наиде на волшебна дама на божиќната забава на која е поканет, но уште од прв поглед е обземен од неа. Ја прогонува безмилосно, без идеја што планира откако ќе ја добие. Откако таа своеволно ќе му падне во прегратки, тој ѝ се заблагодарува на судбината што му ја донесе, но работите ќе се сменат кога ќе биде загрозена неговата слобода. Присилен е да се преиспита себеси и мора да донесе одлука која би требало да е многу лесна за еден вљубен човек. Дали грофот од Винчестер ќе предложи брак, и што е уште поважно, дали воопшто ќе ја сака леди Аделајн Карвин ако бидат присилени на венчавка?

Обземен Од Мојата Божиќна Кокета — читать онлайн ознакомительный отрывок

Ниже представлен текст книги, разбитый по страницам. Система сохранения места последней прочитанной страницы, позволяет с удобством читать онлайн бесплатно книгу «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета», без необходимости каждый раз заново искать на чём Вы остановились. Поставьте закладку, и сможете в любой момент перейти на страницу, на которой закончили чтение.

Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

Тој го збрчка носот. „Секако не ми е грижа за танцувањето. Тоа е за девојчиња.”

„Ох,” започна таа. „Не знам. Кога ќе потпораснеш поинаку ќе мислиш. Има господа кои уживаат во танцување.” А некои сосема го избегнуваа…

„Јас не,” одговори тврдоглаво. „Мене никогаш нема да ми се допаѓа.”

Аделајн се поднаведна и му ја разбушави косата со рацете. Обајцата ги имаа истите златни локни и сини очи како нивните родители. Џејми почнуваше да наликува на помлада верзија на својот татко, а Аделајн повеќе потсетуваше на мајка си. Немаше сомнеж кои им се родители, кога некој ќе ги погледнеше. „Ти верувам.” Ниту нивниот татко не сакаше многу танцување. Се предаваше само кога требаше да ѝ удоволи на мајка им. Војводата ќе стореше сѐ за својата војвотка. Зрачеа со нивната взаемна љубов, а тоа ја правеше Аделајн љубоморна. Таа повторно ѕиркаше низ прозорецот, но ниедна ѕвезда не паѓаше. Можеби сепак треба да си замисли желба. Може и ќе се исполни.

„Уживај во зјапањето низ прозорец,” рече Џејми. „Јас ќе правам нешто продуктивно.”

„Како на пример?” љубопитно праша таа.

„Делкам неколку парчиња дрво како подароци. Треба да го завршам коњот што го изработувам за дедо.” Тоа беше извонредна идеја. Аделајн посакуваше да поседува слична вештина за да изработи нешто креативно како подарок. Џејми беше мошне надарен, тоа му беше една од специјалните способности. Тој беше тактичен и добиваше впечатоци од предмети откако луѓе ќе ги допреа. За жал, Аделајн, според својата проценка беше емпатична. Таа премногу чувствуваше, а понекогаш во присуство на други лица, нивните чувства стануваа нејзини. Тоа ги отежнуваше социјализирањето и вљубувањето. Не можеше да им верува на своите чувства.

„Едвај чекам да ги видам.” Таа ги поткрена усните во мила насмевка. „Оди заврши ги подароците. Јас ќе поседам овде уште малку.”

„Ќе ти покажам кога ќе завршам,” тој вети и излезе од собата.

Аделајн се сврти назад кон прозорецот. Снегот беше подзабавил, не паѓаше толку многу. Небото беше повидливо, а ѕвездите како да ѝ намигаа. Воздивна. Што значеше тоа? Одлучи да не се колеба повеќе. Немаше зошто да продолжи да чека ѕвезда-паѓалка. Очекувањето ѝ беше невозможно, а и не беше гаранција дека желбата ќе ѝ се исполни.

Наместо да се надева на невозможното, таа ги затвори очите и ги испрати своите надежи и сништа кон светот. Сакаше љубов, дури и да постоеше само една ноќ, тоа ќе ѝ беше доволно, си вети.

Не бараше премногу, така барем таа се молеше. Привлечно момче кое ќе ја гледа неа, а не титулата и богатството на татко ѝ. Некој кој ќе ја бакнува дури не изгуби здив, ќе ја допира како да е неодолива, и ќе ѝ изговара слатки зборови додека не ѝ излета срцето од гради. Момент на љубов и доживотен спомен. Тоа би било доволно. Боже, се надеваше дека би било...

Аделајн ги отвори очите и гледаше кон небото. Надвор не се смени ништо, ниту пак таа почувствува некаква промена во себе. Можеби желбата беше залудна, ама таа не се согласуваше. Утре ќе почнат да доаѓаат гостите, па можеби, ако желбата ѝ биде услишена, ќе се појави некој што ќе го засака.

И можеби, неговата љубов ќе биде вистинска, а не произведена од желбата на една каприциозна дама, очајна по нешто допирливо.

Конец ознакомительного фрагмента.

Текст предоставлен ООО «ЛитРес».

Прочитайте эту книгу целиком, на ЛитРес.

Безопасно оплатить книгу можно банковской картой Visa, MasterCard, Maestro, со счета мобильного телефона, с платежного терминала, в салоне МТС или Связной, через PayPal, WebMoney, Яндекс.Деньги, QIWI Кошелек, бонусными картами или другим удобным Вам способом.

Тёмная тема
Сбросить

Интервал:

Закладка:

Сделать

Похожие книги на «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»

Представляем Вашему вниманию похожие книги на «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» списком для выбора. Мы отобрали схожую по названию и смыслу литературу в надежде предоставить читателям больше вариантов отыскать новые, интересные, ещё непрочитанные произведения.


Отзывы о книге «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета»

Обсуждение, отзывы о книге «Обземен Од Мојата Божиќна Кокета» и просто собственные мнения читателей. Оставьте ваши комментарии, напишите, что Вы думаете о произведении, его смысле или главных героях. Укажите что конкретно понравилось, а что нет, и почему Вы так считаете.

x